Спасовски: На прав пат сме - СДСМ го консолидира безбедносниот систем во земјата и обезбеди подобри услови за полицајците

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, на граѓанската трибина „На Прав пат“ во Куманово се осврна на остварувањето на клучниот предизвик во државата за консолидирање на безбедносниот систем.

Спасовски истакна дека на 1 јуни 2017 година, кој ја презема министерската функција го затекнал Министерството за внатрешни работи со долг од 40 милиони евра, 15 години ненабевени унифирми и опрема, исти плати, без услови и мотивација за работа.

Сега долгот е намален на 10 милиони евра, реконструирани 36 полициски станици, а уште четири се реконструираат и тоа во  Валандово, Гевлегија Крива Паланка и Кемањање.

Нови комплетни униформи веќе добија Единицата за специјални задачи, воздухопловниот персонал, како и Одделот за обезбедување на личности и објекти, а во тек е комплетирање на униформите за Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка.

Спасовски додаде дека со помош на средствата од ИПА е изграден објект за случај на елементарни непогоди во Прилеп, поставен е камен темелник за објектот на крим-техника на МВР, ќе се гради нов објект за центар за странци, кој од Гази баба се преместува во Стенковец.

Новата Агенција за национална безбедност е голем чекор кон рефома на безбедносните служби, а ова се само дел од мерките што позитивно влијаат на унапредување на условите за работа на вработените во МВР, рече Спасовски.

На прав пат сме во консолидирањето на безбедносниот систем во државата, порача Спасовски од трибината во Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега