Спасовски контра СЈО: Луѓе како Камчев слободно се шетаат

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечершаното гостување на телевизија 24 ги критикуваше Основното јавно обвинителство, СЈО и Судот за Камчев.

-Тогаш кога ќе има доволно информации да потврдат како се случило тоа бегство, тогаш и обвинителството ќе излезе. Сите сте сведоци што ни се случува со луѓе кои има шанси да ја напуштат Македонија. Системот мора да се консолодира, и судовите . Во тој момент немаше ниту една мерка за Груевски. Сега гледаме како Камчев слободно се шета низ Европа, им се враќаат пасоши, се пуштаат од притвор… Каде што системот е еродиран, мора да се санира, истакна вечерва Спасовски.

За потсетување, Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева потврди дека дала одобрение на Орце Камчев да му биде вратен пасошот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега