Спасовски: Коинциденција е упадот во фирмите на Камчев и неговото сведочење

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, во емисијата 360 степени изјави дека упадот во трите фирми на бизнисменот Орце Камчев и неговото сведочење во судот за случајот „Рекет“ се коинциденција.

-Основното јавно обвинителство побара од МВР да се влезе во 3 фирми на Орце Камчев, да се прибави документацијата и да се утврдат одредни факти кои се добиени по сознание од Државниот завод за ревизија. Не сакам да изнесувам детали за случајот бидејќи се наоѓа во истражна постапка. Ова се работи врз основа на сите наредби од надлежните органи. Коинциденција е тоа што Камчев требаше да сведочи во суд, вели Спасовски.

-Се проверуваат сите фирми кои имале врска со набавките. Овде постојат сомнежи, тие треба да се потврдат или отфрлат во текот на истрагата. Наша должност е да ги преземеме сите можни чекори да се обезбедат докази за постапката, вели Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 22:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега