Спасовски: Категорично ги отфрлам шпекулациите за какви било договори за бегството на Сашо Мијалков

МВР интензивно продолжува со потрагата по Сашо Мијалков. Во тек се информативни разговори со лица кои се поврзани со овој случај, кажа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција.

„Извршени се информативни разговори со 10 лицас, а денеска дополнително се повикуваат и други лица.

Одземени се телефони, документација и други предмети кои можат да послужат во истрагата.

Продолжуваат проверките на локациите поврзани со истрагата, распишана е централна и меѓународна потерница“, кажа Спасовски.

Министерот најкатегорично ги отфрли шпекулации за какви било договори за бегството на Сашо Мијалков.

 

– МВР ги презеде сите расположиви мерки за обезбедувањето на лицето и активно работи на пронаоѓање на бегалецот и негово приведување пред правдата, информираше денеска на прес-конференција министерот Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа