Спасовски: Ја поддржувам акцијата за промени во власта

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Битола, запрашан како гледа на најавената акција „метла“, рече дека ја поддржува операцијата за промена во структурите на власта, но тоа е сепак е надлежност на премиерот Зоран Заев.

„Јас ја поддржувам операцијата за промени во структурата на Владата и на фондовите, јавните претпријатија и во локалните самоуправи, секаде каде има оценка дека тие функционери не ги исполнуваат на најдобар можен начин работите. Но, тоа е оценка која треба да се направи од премиерот и тоа е негова надлежност“, рече Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега