Спасовски: Изготвен е безбедносен план за Мијалков, за да не дојде до каков било инцидент

 Притвореникот Сашо Мијалков се наоѓа во истражниот затвор Скопје до правосилноста на пресудата, а каде ќе ја издржува затворската казна зависи од судијата за извршување санкции,  изјави денеска Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување санкции.

Апсолутно ве уверувам, истакна Спасовски, дека во овој момент можеме да му ја гарантираме безбедноста и на Мијалков и на сите осудени и притворени лица.

–  Изготвен е безбедносен план конкретно за притворениот Сашо Мијалков, за негово движење, конкретно за шетањето и се запазени сите безбедносни протоколи и стандардни оперативни процедури за да не дојде до каков било инцидент, изјави Спасовски, кој денеска заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ и со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски извршија увид во текот на попишувањето во Казнено-поправната установа К’шање, Кумановско.

Директор на Управата за извршување санкции, Спасовски информира дека во овој момент нема позитивни лица на Ковид – 19 во ниту еден затвор, ниту пак има суспектни на коронавирус. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега