Спасовски: Имаме напредок во истрагата за двојното убиство во Скопје, ама детали не можам да соопштам

Истрагата за двојното убиство во Скопје тече, има напредок, ама детали во тој дел не можам да соопштам. Вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одговори на новинарското прашање во врска со двојното убиство случено кај скопско Кале, вечерта на 6 март. 

– Во однос на истрагата таа интензивно тече, имаме напредок во делот на истрагата. Детали во тој дел не можам да соопштам. Инаку, сите овие аспекти коишто се па и во делот на барањата, односно информациите коишто се на колегите од Холандија се дел од целокупната истрага и во моментот кога ќе можеме да ги соопштиме деталите на јавноста тоа ќе го направиме, изјави министерот Спасовски на денешниот брифинг со новинарите.

Претходно денеска, холандските медиуми објавија дека еден од убиените во „Шиша бар“, Есен Исени избегал од судење за убиство во Холандија. 28-годишникот бил осомничен дека пред две години бил вмешан во пукотници во кое бил убиен еден Колумбиец. Исени бил уапсен во февруари 2021 година како еден од деветмината осомничени за убиството во Берген ан Зе.

Судот го пуштил на слобода под услов да не ја напуштил Холандија и да го предаде пасошот.

Но Исени ги прекршил мерките и избегал во Македонија, а судењето за убиството на Колумбиецот во Холандија почна вчера.

Инаку, за потсетување Есен Исени беше убиен на шести март во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија кога маскирани вооружени лица го ликвидираа заедно со Јетон Кривањева.

 

16.03.2023 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега