Спасовски и Столтенберг во Брисел: Членството во НАТО, резултат на исполнети критериуми и стандарди

Претседателот на ВладатаОливер Спасовски, во рамките на дводевната посета на Брисел, денеска оствари средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој во делот на пречекот на гостите им ги покажа местата каде што се планира да бидат поставени обележјата, знамето и плочката со името на нашата земја, на свечената церемонија за прием во полноправно членство во алијансата.

Премиерот Спасовски на средбата, на која присуствуваше и заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, се заблагодари за средбата и за поддршката што НАТО, нејзините земји членки, и посебно генералниот секретар Столтенберг ја даваа за цело време во периодот на пристапувањето на Македонија во членство во северно-атлантскиот сојуз.

-Спасовски на средбата потенцираше дека земјата е во постојано имплементирање на реформите и дека во таа насока е и усвојувањето на Законот за јавно обвинителство во Собранието, со што се создадени сите предуслови за борба против организираниот криминал и високата корупција, како стратешка определба за владеење на правото. „Северна“ Македонија останува на ставот за целосно исполнување на обврските од договорите со Грција и Бугарија и во одржувањето и унапредувањето на добрососедските односи, како и на поддршката на соседните земји кои имаат исти цели како и нашата земја – членство во НАТО и ЕУ. Премиерот Спасовски истакна дека „Северна“ Македонија ги усвои Законот за одбрана и Законот за служба во армијата со што се комплетирани обврските на нашата земја за исполнување на обврските што произлегуваат од нашето членство во НАТО, соопштуваат од Владата.

Оттаму посочуваат дека Спасовски рекол оти граѓаните на Македонија наскоро ќе дочекаат и добра вест од институциите на ЕУ за почеток на преговорите за членство во унијата.

Генералниот секретар Јен Столтенберг од своја страна ја честитал ратификацијата на Северноатлантскиот договор во Собранието, и нагласил дека во НАТО се подготвуваат за церемонијата за прием на земјата во алијансата со што ќе се заокружи процесот како резултат на исполнетите критериуми и стандарди на Македонија за членка на Северноатлантскиот сојуз кои понатаму само ќе се унапредуваат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега