Спасовски: Граѓаните што останале без работа да поднесат барање за паричен надоместок

Граѓаните што останале без работа да поднесат барање за паричен надоместок за прекин на работен однос, во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос, порача на Фејсбук техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Појаснува дека право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци пред престанокот на работниот однос.

Граѓаните што останале без работа да поднесат барање за паричен надоместок за прекин на работен однос, во Центарот за...

Posted by Oliver Spasovski on Tuesday, 7 April 2020

07.04.2020 - 23:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега