Спасовски го победи коронавирусот: Министерот им се врати на работните обврски

Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните, напиша на својот фејсбук профил Оливер Спасовски, кој поради коронавирусот беше во самоизолација.
 
„Предизвикот пред кој сме исправени како општество е шанса да ги преиспитаме приоритетите во нашиот живот, а во прв план да го ставиме здравјето. Почитувани граѓани, ајде сите заедно да дадеме придонес кон јавното здравје, за нашите деца, за семејството, за нас, за лекарите кои секојдневно се пред предизвиците да спасуваат животи, борба во којашто се уверив на Инфективната клиника, во посветеноста и неуморноста со којашто работат здравствениот и техничкиот персонал - искрена благодарност за нивниот влог.
Но, ова е заедничка битка - чувајте се, носете заштита на лицето, одложете ги времено физичките контакти колку што е можно тоа. Вирусот, заедно ќе го победиме“ напиша Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2020 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега