Спасовски го осуди нападот врз девојката од Штип: Никој не треба да живее во страв или тортура

Го осудувам вознемирувачкото насилство во Штип и лично ќе се погрижам сите владини институции најитно да постапат за девојката да биде веднаш заштитена, а насилниците да бидат што поскоро казнети согласно законот, напиша на Фејсбук техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Во овие моменти, сите мора да покажеме свест и одговорност, и политичарите, и медиумите и граѓаните.

Ги повикувам медиумите и граѓаните да не го споделуваат вознемирувачкото видео, за да ја почитуваат приватноста на девојката, напиша Спасовски.

-Никој не смее и нема право да биде насилен кон друг човек. Добро е што институциите веднаш постапија и очекувам резултати од тоа постапување наскоро. Ги охрабрувам сите оние кои сведочат, или пак самите се жртви на насилство да пуштат глас и да пријават, за институциите да постапуваат. Никој не треба да живее во страв или тортура, тоа е основно човеково право и зад тоа секогаш ќе стојам и лично како човек а и како институција- напиша Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега