Спасовски до кумановци: Останете присебни, нема простор за паника заради полицискиот час

Премиерот Оливер Спасовски вечерва на неговиот фејсбук-профил упати апел до кумановците да останат присебни во овие моменти, нагласувајќи дека нема простор за паника заради полицискиот час.

– Апелирам до граѓаните на Куманово навистина да бидат присебни во овие моменти, нема простор за паника, мерката е за викендов и нема потреба дополнително да се изложиме на ризик и да се излегува и купува во маркети, два-три дена може да поминеме во изолација, напиша Спасовски.

Тој посочи дека одлуката е донесена врз основа на мислења на стручни лица од Комисијата за заразни болести.

– Ова е тешка, рестриктивна одлука, но неминовна да се донесе за да го спасиме животот и здравјето на граѓаните и да го пресечеме патот на ширењето на вирусот, напиша на ФБ премиерот Спасовски.

Апелирам до граѓаните на Куманово навистина да бидат присебни во овие моменти, нема простор за паника, мерката е за...

Posted by Oliver Spasovski on Friday, 3 April 2020

03.04.2020 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега