Спасовски денеска ќе поднесе оставка?

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска во 13 часот најверојатно ќе си поднесе оставка од функцијата, се шпекулира во партиски кругови, дознава „Плусинфо

Причина за оставката е бегството на поранешниор директор на УБК, Сашо Мијалков.

Оставка од Спасовски побара и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која обвинува дека институциите уште во саботата во 16 часот знаеле дека постои опасност за бегство на Мијалков, но не презеле ништо.

Спасовски не е достапен за јавноста во текот на вчерашниот и денешниот ден.

Од завчера попладне, Мијалков е недостапен и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството го донел Кривичниот суд. Министерството за внатрешни работи првично објави национална, а вчера попладнето и меѓународна потерница за Мијалков.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега