Спасеновски: МПЦ ќе добие томос за автокефалност

Професорот Александар Спасеновски вели дека целокупниот процес со статусот на МПЦ доби на динамика со одлуката на Вселенската патријаршија од 9-ти мај.

-Оттогаш видовме како некои процеси кои беа во застој 50 години, добија на засилена динамика и интензитет. Односите на МПЦ и активноста во насока на стекнување на автокефалност можеме да ги детектираме во 2017 и 2018 година со писмото од Синодот на МПЦ до Цариград. Се случија серија на активности со писмата на претседателот на владата и претседателот на државата. Во однос на автономниот статус на кој е сведена МПЦ, одговорот е да и не. Од една страна сме убедени дека одлуки за враќање во понизок статус се носи од страна на институции во рамките на МПЦ и целата православна црква. Ние немаме таков тип на настан организиран МПЦ, ниту какво писмо пратила МПЦ. Сметам дека станува збор дека никој не бара меѓусебно да се откажат или прифатат нешто. Оди кон тоа МПЦ да добие автокефалност, рече Спасеновски во емисијата „Вин-вин“.

19.05.2022 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа