Спасен човек кој паднал од чамец во Смилковското езеро

 

Петмина пожарникари извлекоа човек кому му се превртел чамецот попладнево во Смилковското езеро.

Командирот на Бригадата за противпожарна заштита, Ѕвонко Томевски за САКАМДАЖАМ.МК вели дека во 13:26 било пријавено дека во Смилковско езеро се превртел чамец со човек, а целата интеревенција завршила во 14,30 часот.

Човекот, кој е во средни години, е префрлен со Итна медицинска помош и е во стабилна состојба, вели Томевски.

 

 

 

11.08.2018 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа