Спарина, топлина и мачно време - Доаѓа силно невреме кон Македонија

Под влијание сме на значително потопла воздушна маса од југ која условува спарно и мачно време па така и температурите на воздухот се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените. Во следните часови нашата територија ќе подпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално пак процесите се очекува да бидат и поинтензивни и во форма на невреме проследено со пороен дожд, електрични пранзења, силен ветер и појава на град па така во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја,  најави Славчо Поповски.

Нестабилно ќе биде во текот на утрешниот ден и тоа особено од пладне па натаму кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за локална појава на град. Сепак и покрај оваа нестабилна воздушна маса останува и натаму значително топло време за разлика од она кое го имавме во изминатиот период кога температурите на воздухот беа значително под просекот односно беше значително посвежо од нормалното за овој дел од годината.

Започна транспортот на прашина и на песок од Сахара кон нашата држава па така понатаму и атмосферата ќе биде заматена а дождот на тие места кај што ќе паѓа ќе биде нечист односно помешан со сахарска прашина и песок.

Инаку доцна попладнево и вечерва силно невреме ја очекува соседна Србија проследено со поројни дождови, силни грмежи, силен ветер и локална појава на град.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2019 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега