Советот за безбедност утре ќе расправа за состојбата со Ковид-19

Советот за безбедност на Република  Македонија утре со почеток во 11:00 часот во претседателската „Вила Водно“ ќе одржи седница за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19.

На седницата, како што соопшти кабинетот на претседателот, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство Венко Филипче.

На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република  Македонија и мерките и активностите на надлежните институции. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега