Советот на јавни обвинители ќе избира свој заменик претседател

Советот на јавни обвинители на Република Македонија на денешната втора седница се очекува да донесе одлука за избор на свој заменик претседател, информираат од Советот.

На дневниот ред на седницата на Советот на јавни обвинители се и неколку други точки, меѓу кои и точката за донесување на одлука за објавување на оглас за избор на јавни обвинители во ВЈО Скопје.

Воедно, во следните недели Советот треба да донесе одлука за избор на петте нови јавни обвинители кој ќе бидат дел од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 08:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега