Советникот за развој на мултикултурно општество за Стоилов: Изгледа човекот е ментално нестабилен

Посебниот советник за развој на мултикултурно општество на премиерот Зоран Заев, Рубин Земон, кој е претседател на сојузот на балкански Египќани го прогласи еден од најдобрите македонски ракометари Стојанче Стоилов за ментално нестабилен.

Земон кој бил присутен на настанот на Агенцијата за спорт и млади од која Стоилов си замина затоа што се зборувало на албански јазик тврди дека вчера немало никаков скандал и дека еден од добитниците на спортските награди прво зборувал на мајчин јазик, а потоа продолжил на македонски.

Според сегашниот советник на премиеротЗемон, ракометната ѕвезда Стоилов морал да остане да му честита на годинешниот добитник на наградата “Спортист на годината”, што ја освоил самиот лани.

„Секој си има право да си говори на својот јазик. Човекот ги поздрави луѓето на албански, а потоа го стори истото и на македонски.

Тоа е негово право и никој не смее тоа да му го оспори, а најмалку СтојанЧЕ, а уште повеќе од тоа да се направи инцидент.

Тој прво мораше да остане до крај како “спортист” на годината од лани и да му честита на овогодишниот спортист. Но изгледа човекот е ментално нестабилен.

Јас како поранешен ракометар го гледам и на терен, во одбрана е “дупка”, најслабата алка, а тоа е баш одлика на ментално лабилни, неодговорни и егоцентрични играчи“, анализира советникот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2018 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега