Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов призна дека Вардариште го загадува Скопје и ја уништува животната средина

Петре Шилегов денес призна дека Вардариште го загадува Скопје и ја уништува животната средина. Вардариште е депонија направена од град Скопје и со години го труе градот, велат преку соопштение од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

„Шилегов 3 години ветува решавање на проблемот сп Вардариште, а решение нема.

На Вардариште гори секаков отпад, а тоа го дишат граѓаните. 

Од миризбата, и запалената депонија страдаат жителите и на Гази Баба и на Аеродром.

Вардариште е проблем за цело Скопје, особено сега кога Скопје се гуши.

Мерните станици низ Скопје веќе неколку дена по ред покажуваат 2 - 3 пати  загаденост над дозволеното, а ниту една мерка не е преземена.

 

Шилегов три години преспа. Три години не е направено ништо за животната средина. Од ветениот чист воздух, нови зелени површини и почиста животна средина нема ништо. Време е за одговорност.“ стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.11.2020 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа