Совет на општина Гостивар: Предлози за буџетот до петок, точката повлечена од дневен ред

 

Предлог буџетот на општина Гостивар за 2018 година не помина на продолжението на прекинатата седница. Предлагачот, градоначалникот на општината го повлече и побара од советнциите сите забелешки и предлози да ги достават до петок на пладне. Одлука дојде откако на самиот почеток, советниците почнаа да изнесуваат предлози за пренамена на средства и без конструктивна дебата.

Ваков е исходот по двочасовната дебата во продолжението на седницата која минатиот понеделник беше прекината. Откако точката со предлог буџетот беше тргната од дневниот ред, претседателот на советот даде пауза и се очекува да да се продолжи со работа во доцните попладневни часови и вечер, со оглед дека на дневен ред се 44 точки.

На оваа седница ѝ претходеа координативни средби за да се најде начин и да се избегнат последиците од неизгласување на буџетот, но на површина излегоа партиските спротивставувања.

Буџетот е проектиран на 16,8 милиони евра и пред десет дена за прв пат беше ставен на седница. Тој сè уште не е изгласан откако дојде до прегуприрање и политичките поделби помеѓу мнозинството предводено од ДУИ и СДСМ од една, и општинската администрација со која раководи градоначалникот кој доаѓа од редовите на Алијансата за Албанците.

Заради ова, локалната самоуправа времено се финасира, а имаше проблеми и со исплатата на вработените во образованието и администрацијата.

Доколку до крајот на март не биде изгласан овој финасиски документ, може да дојде распуштање на советот и распишување на нови избори за членови на советот. 

 

 

 

14.03.2018 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа