Сотирова: Новинарот имал контакт со член од семејството кој е позитивен на вирусот

 

Во семејството на новинарот кој е позитивен на коронавирусот има член кај кој е потврден вирусот. Новинарот имал контакт со тој член од блиската фамилија, изјави денеска директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова.

– Во блиската фамилија на споменатото лице има член кој е позитивен. Новинарот имал контакт со тој член од неговата фамилија, меѓутоа за детални информации кој, каде и кога ќе биде ставен во евентуална самоизолација ќе следува по спроведената анкекта од Центарот за јавно здравје, која во моментот е во тек, истакна Сотирова на прес-конференцијата во Владата.

Таа информира дека е завршен и инспекцискиот надзор во Домот за згрижување на возрасни лица „Су Рајдер“ во Битола.

Донесени се сет на повеќе од 12 мерки што треба да ги спроведе Домот за згрижување на стари лица меѓу кои изолација на луѓето кои биле во контакт со заболениот, дезинфекција на просторот и немешање на персоналот кој работел на тој оддел со останатите оддели.

Сотирова информира дека заболеното лице е примено  во Домот на 18 март, а претходно на 11 и 12 март имал контакт со внука која допатувала од ризична земја. Симптомите кај лицето се појавиле на 2 април, по што веднаш е тестиран и на 4 април е добиен позитивен резултат. Лицето е хоспитализирано на Инфективното одделение во Битола и според последните информации е во добра здравствена состојба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега