Состојбата со коронавирус во светот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 672.086 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 31.191, а оздравеле 143.870 лица.

– САД со 123.781 е земја со најголем број на заразени лица со Ковид-19, од кои 2.229 починале.

– Во Италија регистрирани се 92.472 заразени со новиот коронавирус, од кои 023 починаа, а 12.384 оздравеле.

– И во Иран се зголеми бројот на заразени со Ковид-19 на 38.309 откако беа пријавени 2.901 нови случаи. Во Исламска Република починаа 2.640 луѓе.

– Во Велика Британија 17.089 луѓе се инфицирани со новиот коронавирус, од кои 1.019 починаа, а 135 оздравеле.

– Бројот на заболени во Швајцарија изнесува 14.076, од кои 264 починаа.

– Во Романија инфицирани со новиот коронавирус се 1.452 лица, од кои 37 починаа.

– Во Унгарија бројот на заразени со Ковид-19 се искачи на 408, од кои 13 луѓе починаа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2020 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега