Состојбата на Јанева е значително подобра - утре се враќа во Шутка

Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, утре се враќа во истражниот затвор во Шутка, потврди нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска за ТВ24.

 

По четири дена поминати во приватна клиника, каде според адвокатите беше примена во прединфарктна состојба, здравствената состојба на Јанева значително се подобрила.

-Најверојатно утре, не знам кое време ќе биде пуштена од болница. Така ме информираше нејзиното семејство. Сега е добро, здравствената состојба ѝ е значително подобрена – изјави Фрчкоска. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2019 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега