Соседите откриваат каков живот водел најпознатиот српски макро - „Мајка му од срам ја врти главата“

Во Јеремовац, приградска населба во околината на Шабац каде живее естрадниот марко Михајло Максимовиќ, сите биле во шок после апсењето на нивниот мештанин против кој сега се води истрага поради трговија со луѓе.

Во овој крај, каде живеат неговите родители, само за тоа се зборува. Мештаните и понатаму се чуда, тешко им е да повреуваат каков живот водел нивниот сосед.

-Верувајте ми, и понатаму не можам да верувам дека тоа е вистина. Ние го знаеме како фино момче. Се занимаваше со спорт и живеше здрав живот - раскажала една сосетка за „Србија денес“.

Михајло, како што пишуваат медиумите, тренирал фудбал. Во Шабац завршил средно економско училиште, кое се смета за едно од најпрестижните училишта во тоа место. После тоа завршил бизнис студии во Белград.

Сето тоа давало слика дека станува збор за фино момче, додека во медиумите не одекнала веста за неговото апсење на белградскиот аеродром под сомнение дека изнајмувал станови во Белград во кои им ги носел девојките на ВИП клиентите. При апсењето кај него се пронајдени тефтери со евиденција, лап топ, како и мобилен телефон.

-Тие живеат скромно, Не забележавме дека отскокнува од другите. Шред некој ден ја видов мајка му во продавница. Жената изгледаше избезумено. Ја вртеше главата на страна - раскажала сосетка.

Михајло и неговиот брат кој е заедно уапсен со него, се во поголем проблем затоа што и девојките кои работеле за него одлучиле да пороговорат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега