Соработници во обвинителството реагираат за селективна правда

Група стручни соработници во обвинителството до редакцијата на Алфа испратија писмена реакција преку која реагираат дека нивното вработување со години не е регулирано. Тие тврдат дека и покрај тоа што за нив министерството за финансии имало одобрено средства за вработување, работата запнала кај Министерството за информатичко општество и администрација од каде останале без став за решавање на нивната состојба и без каква било одлука.

Всушност, според кажувањата, мислењето од МИОА пристигнало негативно од причина што, барањето до институцијата од ЈОРМ било пратено со задоцнување по истекот на законски предвидениот рок, која околност е технички пропуст на службите во ЈОРМ, очигледно од тенденциозни побуди, се вели во писмото.

Според наведеното, нивниот статус не е регулиран од 2015 година.

Во ноември 2019 година, се обратиле лично до Јавниот обвинител кој како што велат, потенцирал дека имало време и им велел да не „напнувааат”.
Согласно Законот за јавно обвинителство кој беше изгласан, во чл.24 од истиот, предвидено е на стручните соработници, техничкиот кадар и административците од Специјалното јавно обвинителство, да им биде регулиран работниот однос со прераспоредување. Ова го потенцираме од причина што, чувствуваме дека правдата е селективна, за тие лица се изнајде решение, а за нашите судбини очигледно никој не пројавува интерес – стои во писмото од група стручни соработници во обвинителството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега