Сопственикот на „Дурмо турс“ откри што му рекол возачот по несреќата

Сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во изјава за „24ВЕСТИ“вели дека автобусот кој се преврте во средата бил исправен. Во изјава за телевизијата тој вели дека вработени во компанијата се слушнале телефонски со возачот и дека тој за нив ја открил причината за несреќата, односно дека изгубил контрола над самиот себе додека управувал со автобусот.

-Одговорно лице во „Дурмо турс“ стапи во контакт со возачот по несреќата. Тој кажал дека бил свесен и дека изгубил контрола, во повторно прашање дали изгубил контрола над автобусот, или над самиот тој, одговорот бил дека над самиот. Верјатно заради здравствени причини. Автобусот се движел околу 200 метри, нема ни трага на кочење ниту реакција на возачот – вели Белули.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2019 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега