Сопственик на скопски локал прободен со нож - гостите направиле хаос

 

Десет минути по полноќ во Скопје во угостителски објект на улица „Орце Николов“ неколку лица кои седеле на терасата од угостителскиот објект, започнале меѓусебна расправија, а подоцна дошло и до тепачка помеѓу истите, по  што  две од лицата си заминале, но подоцна се вратиле и продолжиле со пресметката.

Сопственикот на објектот, 56-годишниот П.П. од Скопје се обидел да ги раздвои, при што едно од лицата со нож го прободело во пределот на зглобот од десната рака.

На повредениот во Градска општа болница "Св. Наум Охридски" му е укажана лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот, се работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

 

 

 

21.04.2018 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега