Сопругот на Ребека ѝ го честиташе роденденот: Колку сум среќен, ти не си моја болка, туку лек

Претседателката на здружението „Дајте ни крилја“ и поранешна пејачка, Ребека Јанковска-Ристески, завчера наполни 49 години. Роденденот на социјалните мрежи ѝ го честитаа и пријателите и фановите, но честитката од сопругот Мики привлече најмногу внимание:

„Колку сум среќен? Ти не си моја болка, туку лек. Среќен сум што не си икона, туку постоење. Среќен сум што сакаш до бескрај, а ништо не ти треба за возврат. Нека ти е среќен роденденот, најмила моја. Сакам само мирно море до бескрајот на хоризонтот. За Ребека, за целата среќа што ми ја подари“, стои во честитката од Мики на „Фејсбук“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2020 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа