Сопругот на Каролина отворено за бракот: „Со поглед се разбираме“

Македонското девојче Каролина Гочева во септември 2016 го кажа судбоносното „да“ на веќе нејзиниот сопруг Михаил Корубин и заплива во брачните води, а двајцата одлично функционираат. Сопругот на Каролина во интервју за „машки магазин“ проговори за бракот со македонското девојче.

- „Ја делиме уметноста заедно, нема слика која и ја немам покажано пред да ја завршам. Каролина има одлично око и често ќе се фати за некоја работа која воопшто не ја гледам, го знам нејзиниот израз  на лицето и не може да ме излаже ако не и се допадне, а и “вајс верса” ја слушам секоја нејзина песна пред да излезе. Таа е филмоман како мене и бев изненаден какви филмови можеме заедно да гледаме, така што скоро се гледаме заедно“ вели сопругот на пејачката.

Кога пак станува збор за бракот и тоа колку се промениле работите откако официјално ставија потпис, Михаил вели:

„Ние живеевме заедно и пред бракот, тоа е само еден вид официјализирање, убавината е во заедничкиот живот, а тоа би го правеле и без бракот.  После толку време заедно мислам дека си ги знаеме сите ”цаки”, така што погледот е доволен. Научивме многу еден од друг, доволно сме различни во позитивна конотација за да прифатиме нови работи еден од друг“, вели Корубин за „машки магазин“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега