Сопругата на Зеленски хоспитализирана поради Ковид-19

Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленска, е хоспитализирана со Ковид-19 и пневмонија, соопшти денеска претседателскиот Кабинет.

Состојбата на Зеленска (42) е стабилна, има билатерална пневмонија со „умерена сериозност“ и може да дише без респиратор, се вели во соопштението.

 

Украинските медиуми пред четири дена јавија дека сопругата на украинскиот претседател е позитивна за коронавирусот, а кабинетот на претседателот подоцна соопшти дека се тестирани и Зеленски и нивните деца, и оти биле негативни.

Во првите денови Олена Зеленска немала никакви симптоми и се чувствувала добро.

Во Украина досега има повеќе од 30.000 заразени со коронавирусот, од кои повеќе од 900 лица починале.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2020 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега