Сопругата на Шумахер првпат се огласи во јавноста по неговата несреќа: „Ме научи на една лекција и многу сум му благодарна“

Пред пет години славниот Шумахер доживеа несреќа на скијање на Алпите, а Корина Шумахер конечно го даде првото интервју откако по таа стравична несреќа од 2013-та година.

Таа за списанието “She“ проговорела за својот сопруг Михаел кој за десетгодишнината од нивниот брак, во 2005-та година ѝ поклонил ранч со коњи, а денес таму јава нивната миленичка Џина.

„Направи сè за мене, не заборавив кому треба да се заблагодарам на ова што го имам - на мојот сопруг Михаел. Ме научи лекција: Кога возиш автомобил, едноставно можеш да го оставиш во гаража после тоа. Но, коњот мора да го има твоето внимание цело време, дури и кога е недела. Кога имав 30 години многу сакав да имам коњ, а Михаел појде со мене во Дубаи каде што купивме еден арапски коњ“ - рекла Корин во првата изјава која била поврзана со Михаел.

Корина сега поседува дури 40 коњи на својот ранч во Швајцарија и во Тексас, а многу е среќна и поради нејзината ќерка.

„Чувствувам голема гордост кога ја гледам Џина. Поради тоа колку многу работи успеа да исполни и колку е забавна - тоа ме прави среќна“ - заклучила Корин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега