Сопругата на Саше Политико: Три часа поминав на КАРИЛ

Никогаш не би ми паднало на памет да започнам насилна расправија со мојот сопруг кој е со поголема физичка сила од мене и со импулсивен карактер, а не пак прва да посегнам по нож за да го нападнам, пишува во изјавата Марина Лазаревска Ивановска во врска со веста дека таа и нејзиниот сопруг Саше Ивановски се бркале со ножеви, објави „Плусинфо“.

„Во периодот околу 23 часот 17.01 со возило на итната медицинска помош бев пренесена на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија,ортопедски болести,анестезија,реанимација, интензивно лекување и ургентен центар и бев  задржана неколку часа за извршување испитувања при што го напуштив КАРИЛ нешто пред 2 часот 18.01.

Тоа е се што ќе изјавам, не би додавала дополнителен сензационализам поради сензибилноста на настанот. Информациите за мојата здравствена состојба поткрепени со извешатаи од специјалисти и извршена визуелизација на моето лице и тело од страна на испекторите на МВР може да ги проследите од соодветните институции. Верувам во органите на правната држава“, пишува Лазаревска Ивановска.

Саше Политико, во врска со синоќешниот инцидент што го потврди и МВР, во својата колумна напиша дека тој не ја напднал неа, дека тој е жртвата и ги демантираше информациите дека бил приведен. Тој на својот Фејсбук профил објави фотографија од повредите со кои се здобил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2019 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега