Сопругата на пратеникот Зекир Рамчиловиќ вработена во МВР

Сопругата на пратеникот Зекир Рамчиловиќ веќе еден месец работи во Министерството за внатрешни работа, т.е. во Секторот за внатрешни работи како самостоен советник во писарница, дознава „А1он“.

Работното место на Мерсида Рамчиловиќ е релативно висока позиција во писарницата според систематизацијата на МВР.

„А1он“ му се јави на Рамчиловиќ, кој немаше време да даде одговор за тоа дали сопругата е вработена со негова заслуга или се пријавила на оглас распишан од МВР и кусо рече: „Не можам да разговарам, во Унгарија сум“. Пратеникот Рамчиловиќ е дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Според нашите информации, во СВР секојдневно на работа се појавувале нововработени, а најмногу лица, односно над 20 нововработени, дошле вчера. Изминатиов период во МВР имало и низа унапредувања, па, така, келнерот на екстехничкиот министер Агим Нухиу сега работи како советник во СВР.

Претходно, вработени беа и членови на семејствата на пратениците Мира Стојчевска, Емилија Александрова и Горан Мисовски во државни институции. Во јавноста се коментира дека вработувањата доаѓаат како награда за гласањето за уставните измени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега