Синот на Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој почина на 14 Октомври по долга борба по пожарот во Пулс, славеше полуматура.
На полуматурата го одведе пријателот на Панчо, Перо Антиќ, а мајката на Андреја, Маја Блажев, сподели емотивна порака.
-„Едно поглавје завршено, само жалам што не сме сите на број. Оној најбитниот ни фали, но животот продолжува, сине. Ти посакувам успеси на секое поле, да си жив и здрав, твојот успех е и мој. Биди ми секогаш насмеан и позитивен, а пред сè човек со големо срце за секого. Твојата добрина е одлика на нашето воспитување. Те сакам со цело срце, твоја мама“, стои во објавата на Маја.
Во кочанската дискотека „Пулс“ животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени на 16 март 2025 година.


