Сопругата на Милошевиќ зад себе оставила тестамент - во него се сите политички тајни на Милошевиќ

Мирјана Марковиќ, водвицата на некогашениот претседател на Југославија Слободан Милошевиќ, по својата смрт оставила некаков вид на тестамент, а тие записи во моментов се во рацете на нејзиниот адвокат.

Како што се дознава од семејните пријатели на Милошевиќ дел од документацијата треба да биде преточен во третиот том мемоари „Таков го знам“, додека дел се однесува на имотот и начинот на неговата распределба после смртта на Мира. Посебно може да бидат интересни белешките кои претставуваат своевиден политички тестамент, во кој таа пишувала за луѓето од нејзиното и опкружувањето на Слободан, за тоа кој ги издал, кој имал корист и во 90-те заработил милиони марки, а сосема е можно и каде да се дознае и каде тие пари завршиле. Сосема е сигурно, поради тие пари, „трепери“ цела Србија.

Марковиќ почина на 77-годишна возраст во Москва во неделата поради воспаление на белите дробови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2019 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега