Сопругата на Камчев: Стефанова покажуваше моќ на бранителите

Ана Камчева, сопруга на Јордан Камчев денеска сведочи за случајот „Рекет“ во Кривичен во Скопје.

- „Половина час пред полноќ Јордан Камчев се јави и ми рече да се симнам доле во куќата за да ми соопшти нешто. Во мојата куќа беше присутно и лицето Зоран Милески и ми рече дека во нашата куќа ќе се врши претрес во 6 часот наутро. Така и беше, се правеше претрес во нашиот дом, потоа се правеше во Орка Холдинг. Камчев беше изнесен на судија по претходна постапка во Судот Јордан Камчев по предметот Империја", вели таа, пренесе Тв21.

Додава дека во Кривичниот Суд обвинителката Лиле Стефанова недоличносе однесувала.

- „На еден од бранителите му рече, Ништо не ми можеш Тони, моќта е кај мене, само треба да знаеш кога е кај тебе и да знаеш како да ја искористиш“, сведочи сопругата на Камчев.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Јовановски и Јанева. Милески има право на жалба до Апелацискиот суд само во делот на висината на казната.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега