Сопругата на Ел Чапо осудена на три години затвор

Сопругата на мексиканскиот нарко бос „Ел Чапо“, Ема Коронел Ајспуро денеска беше осудена од американскиот федерален суд на три години затвор, откако призна дека е вмешана во шверцот на моќниот картел Синалоа, пишува Си-Ен-Ен.

Обвинителите за неа бараа четири години затвор. Судијата Рудолф Контрерас рече дека Американката со мексиканско потекло (32) била многу млада кога се омажила за Ел Чапо и дека соработувала со властите по нејзиното апсење во февруари.

Ема Коронел беше обвинета во јуни за вмешаност во трговија со дрога, перење пари и трансакции со странски дилер на дрога.

Поранешната мисица, инфлуенсерка и креаторка, е обвинета дека била „посредник“ меѓу Хоакин Гузман „Ел Чапо“ и неговите соработници, за учество во администрацијата на картелот Синалоа – еден од најмоќните во светот кога Ел Чапо бил во затвор во Мексико.

Ема Коронел Ајспуро во 2007 година се омажила за „Ел Чапо“, кој е 32 години постар од неа и со него има близнаци. Од венчавката до неговото апсење во февруари, таа имала повеќекратни свесни придобивки од трговијата со дрога на нејзиниот сопруг, се вели во обвинението.

 

Сопругата на Ел Чапо осудена на три години затвор

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега