Сопругата на Асад на лекување од карцином - претседателот не се одвојува од првата дама

 

Сопругата а сирискиот претседател Башар ал Асад, 42-годишната Асма започна со лекување на карцином, соопшти денеска сириското Претседателство.

На официјалната Фејсбук страница на Претседателството е објавена фотографија од сирискиот претседател како седи покрај болничкиот кревет на својата сопруга која прима терапија, под која пишува дека малигниот тумор е откриен во рана фаза.

Како што е наведено, таквите објави се невообичаени во арапскиот свет, каде ракот се смета за табу. Асма и Башар се во брак 18 години и имаат три деца.

 

 

 

09.08.2018 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа