Сопруга на годината: Мажот многу одел во кафеана па за да бидат заедно му направила една во дворот

Пол Тапер, британски инженер од Давон, отсекогаш по работата и за викенд многу време поминувал во локалната кафеана. Неговата сопруга Џејн била незадоволна што сопругот почесто е во пабот отколку дома, па одлучила „елегантно“ да го реши проблемот – на Пол да му напрваи кафеана во дворот на нивната куќа, а ја именувала „Куќичка за кучиња“.

„Мојот сопруг отсекогаш сакаше често да биде во локалната кафеана. Не успевав да го задржам дома. Често размислував што да направам и мислам дека ми дојде убава идеја. Ја направив кафеаната во дворот. Кога сега ќе ме прашаат каде ми е сопругот, им велам – „во куќичката за кучиња“, вели Џејн, инаку медицинска сестра и мајка на три деца.

Најголем трошок за пабот и’ биле дозволата и рамнењето на дворот што ја чинело околу 15.000 фунти. Градела рационално, па другите трошоци максимално ги редуцирала. Очекува во новоотворениот паб да имаат и гости, а во него ќе организираат и разни забави за роднини и пријатели.

„Најскапо беше да се израмни дворот и тоа чинеше 15.000 фунти, а почетната градба на кабината дојде до 2.700 фунти. Кога станува збор за уредувањето, се обидов тоа да го направам што поефтино користјќи се со социјалните мрежи и препродавачите“, рекла и додала дека не можела да одолее а да не набави црквена клупа за седење и игричката вселенски напаѓачи за уште 650. фунти, за да пабот изгледа автентично.

Освен сопругот, со пабот се среќни и децата на Пол и Џејн – Том (31), Лорен (24) и Џек (26), кои велат дека долгорочно ќе заштедат многу пари зашто сега ќе трошат во свој локал во кој ќе им доаѓаат и пријатели.

„И Пол ќе го носи своето друштво, се чини дека секогаш ќе бидеме зафатени“, рекла Џејн и додала дека и понатаму со некои ситнурии ќе го украсува пабот, кога ќе налета на нешто убаво.

„Сакам да престојувам тука и со веселба ноќите би ги минувала во нашиот паб“, заклучила, пренесува Mirror.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега