Сопруг и татко на две деца ги објавувал порно фотографиите од малолетнички

Јавноста, а особено родителите се кренаа на нозе откако беше обелоденето постоењето на групата „Јавна соба“ на апликацијата Телеграм.

Во групата имало 7.400 корисници каде малолетници и возрасни објавувале, споделувале и коментирале интимни фотографии и видеа со порнографска содржина од малолетни девојчиња од Македонија.КУРИР преку свои неофицијални извори дојде до профилот на еден од модераторите во оваа ужасна група.

 

Станува збор за маж од населба во Општина Кисела Вода, на околу 40-годишна возраст, сопруг и татко на две деца. Курир не го објавува идентитетот, а примајќи низа закани бил принуден да ги избрише сите свои профили на социјалните мрежи.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега