Сопатничката мртва на лице место - детали за трагедијата во Македонија

 

Полицијата излезе со детали за страшната сообраќајка утрово во Штип, каде за жал згасна животот на млада девојка.

Според податоците, околу 05,30 часот во Штип на улицата „Гоце Делчев“ патничко моторно возило „Ауди“ со светиниколски регистерски таблици управувано од 21-годишната Б.Т. од Каратманово-Свети Николе удрило во електричен столб. Од здобиените повреди, на самото место починала сопатничката, 21-годишната В.Г. од Свети Николе, а возачот бил пренесен во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип.

 

 

 

24.05.2018 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа