Сообраќајната полиција казни 155 возачи во Скопје - најмногу за брзо возење

Во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територијата на град Скопје се изречени 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 30 за непрописно паркирање, 17 прекршоци што ги чинат пешаците, девет за возење без возачка дозвола, шест за возење под дејство на алкохол, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Засилените акциски сообраќајни контроли на собраќајната полиција, најавуваат, продолжуваат и понатаму. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

17.08.2021 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа