Сообраќајна несреќа во кичевско, еден е тешко повреден

Сообраќајна несреќа го одбележа вчерашиот ден во кичевско. Истата се случила околу 13.30 часот, кај едно лице се констатирани тешки повреди.

На 14.09.2021 година во 13.25 часот на крстосница на магистрален со локален пат кај кичевското село Другово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.С.(56) од селото Другово и мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.М.(40) од Скопје“ – известија од МВР.

Соо тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Кичево, а полициските екипи извршиле увид на местото на настанот.

15.09.2021 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега