Сообраќаjна несреќа на Градско – Прилеп: Кавадарчанец со тешки повреди пренесен во болница

Кавадарчанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера се случила на патот Градко – Прилеп.

-Вчера во 20.45 часот било пријавено дека на патот Градско – Прилеп, кај с.Раец, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(56) од Битола и патничко возило „ланчија“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(42) од Кавадарци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Љ.П., констатирани во Општата болница Кавадарци, се вели во полицискиот билтен.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Полициската станица Кавадарци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа