На 4 август во 07:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Јустинијан Први“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед и пешак.
Според пријавеното, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј. (22) од Скопје, удрил во пешакот Ц.Н. (83), исто така од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека возачот на мопедот се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ и во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.


