Сообраќајка во Скопје: Се удирале со безбол палки и пукале со пиштол

 

Сообраќајна несреќа се случила вчера во Скопје, по што дошло до вербална расправија и физичка пресметка меѓу возачите.

Според информации на МВР, вчера во околу 21.00 часот на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила. Додека 51-годишниот С.М., 20-годишниот С.М. и  24-годишниот К.М., сите од Скопје, туркале до тротоарот од улицата патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на нивниот сосед 33-годишниот К.С. од Скопје, се судриле со патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Б.М. од Скопје, а сопатници  биле две деца на возраст од 16 и 12 години.

По незгодата дошло до вербална расправија и физичка пресметка помеѓу учесниците. Едно непознато лице, кое се вклучило во тепачката, со безбол палка го удрило Б.М. во главата. Б.М. бил однесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а С.М., К.М.  и С.М. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен Центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им биле констатирани телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување. Исто така, било пријавено дека до пристигнување на полициските службеници некое од лицата извадило пиштол и испукало неколку куршуми, но при преглед на затекнатите лица и возила не било пронајдено оружје, чаури ниту  оштетени предмети. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

13.10.2018 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега