Сообраќајка во Скопје: Повреден возач, пренесен во болница

Во текот на вчерашниот ден едно лице било повредено во сообраќајка во Скопје, па било пренесено во Градската болница.

Вчера во 11.43 часот на улица„Филип Втори“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ч.(37) од село Рашче, скопско, и патничко возило „фиат добло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(50) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобил Н.Ч. и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега