Сообраќајка во Скопје - две лица завршија во болница

 

Две лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа во Скопје. Вчера во 03:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Никола Карев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Д.С. од Скопје и патничко возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки управувано од 23-годишниот В.Н. од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.С. и сопатникот во истото возило, Н.Н.(41) од Охрид, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.  Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега