Сообраќајка во крушевско: Се судрија мотоцикл и трактор

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа во крушевско.

- На 26.02.2021 во 16:30 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на место викано ,,Малин дол“, на локалниот пат село Свето Митрани – село Милошево, крушевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл, управуван од А.Д.(69) од Битола и трактор, управуван од Г.Т.(53) од село Свети Тодори, општина Могила. Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп, се здобил мотоциклистот.  Увид на местото извршила екипа од ОВР Крушево, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа